Уништен вреден американски авион-радар „АВАКС“, Иран го погоди во саудиска база
2026-03-29 - 20:13
Иран уништил многу вреден авион-радар „Е-3 Сентри АВАКС“ (E-3 Sentry AWACS) на американските воздухопловни сили. Воздухопловот е униптен во напад изведен со иранска балистичка ракета и неколку беспилотни летала, извршен врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија. На снимки објавено на социјалните мрежи по нападот, се гледа дека радарската купола на авионот била директно погодена и целосно уништена, зедно со задниот дел од трупот на леталото. Според информациите по нападот, во иранскиот ракетен удар бил униптен и авион-танкер за воздушно надополнување гориво „КЦ-135 Стратотанкер“ (KC-135 Stratotanker), а оштетени се и неколку други слични авиони. Во наоадот имало повредени меѓу американските војници стационирани во базата.