TheNorthmacedoniaTime

Аеродром бара набљудувач од граѓанските организации за евалуација на проекти

2026-02-25 - 10:26

Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави јавен повик на кој ќе треба да избере набљудувач претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата. Од Општината велат дека се работи за заедничка иницијатива на УНДП финансирана од Европската Унија, со цел да се унапреди локалната демократија, да се направи транспарентно финансирањето и да се создадат силни партнерства меѓу општините и граѓанските организации и апелираат секој што има искуство во евалуација на проекти и сака да придонесе кон транспарентен и објективен процес, да аплицира на повикот.

Share this post: