Марта Кос: ЕУ размислува за прекин на финансиската помош за Србија
2026-03-24 - 14:24
ЕУ размислува за прекин на финансиската помош за Србија. Постои уште еден чекор назад (од демократијата) во амандманите што ги споменавте (т.е. јануарската реформа на судството во Србија). Затоа сега анализираме дали можеме да продолжиме да насочуваме пари кон Србија преку различни финансиски инструменти. И работите не изгледаат добро“, рече Марта Кос, комесарката на ЕУ за проширување, на настан организиран од порталот Политико, критикувајќи ја Србија за нејзиниот „специјален однос““ со Русија. Таа додаде дека во Брисел може да разберат дека Србија има посебен однос со Русија, но купувањето кинески ракети во време како ова и склучувањето договор за снабдување со руски гас е она што не им се допаѓа. Не сме задоволни од тоа“, нагласи таа.