TheNorthmacedoniaTime

Тешко повредена скопјанка во центарот на градот: Откако паднала при излегување, автобусот и ја прегазил ногата

2026-02-12 - 13:39

Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена во несреќа што се случила вчера напладне на улицата Св. Кирил и Методиј во центарот на Скопје. Според информациите од полицијата, жената паднала при излегување од автобус „мерцедес“, по што возилото ѝ ја прегазило ногата. Автобусот го управувал 56-годишен скопјанец. Повредената веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на настанот и ги утврдува околностите под кои се случила несреќата.

Share this post: