Бабиш: Чешка во никој случај нема да ги зголеми трошоците за одбраната
2026-02-26 - 17:38
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш денеска изјави дека Прага „во никој случај“ нема да ги зголеми трошоците за одбраната и покрај целите на НАТО за поголемо издвојување на средства од бруто домашниот производ. Тој наведе дека приоритет на неговата влада е „здравјето на граѓаните, за да можат подолго да поживеат“. Бабиш пред минатогодишните парламентарни избори изјави дека е нереален договорот со НАТО за постепено зголемување на трошоците за одбрана до пет проценти од БДП. Тој и неговата популистичка партија АНО победи на минатогодишните избори, ветувајќи дека ќе се фокусира на животниот стандард на луѓето – зголемување на платите, намалување на некои даноци и воведување на нови бенефиции.
Share this post: