TheNorthmacedoniaTime

Труп на жена во распаѓање пронајдено во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска река

2026-03-21 - 14:13

Труп на жена во фаза на распаѓање е пронајдено во с.Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и Обвинителството. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Претходно, од Државното јавно обвинителство соопштија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. Починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.

Share this post: