TheNorthmacedoniaTime

Финалето на Лигата на шампините веќе нема да се игра во „црни ноќи“

2026-03-28 - 18:14

УЕФА донесе историска одлука и направи промена на терминот на одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите. Почнувајќи од оваа година и финалето во Будимпешта финалето нема да почнува во 21 часот, туку во 18 часот по средноевропско време. Финалниот натпревар веќе неколку сезони се игра во сабота. Целта на одлуката е подобрување за навивачите, финалистите и градовите домаќини. Навивачите кои патуваа на натпреварот со новиот термин ќе имаат и полесен пристап до јавниот превоз, по безбедно враќање, а за градовите домаќини се очекува да има поголемо економско влијание, ќе има повеќе време за славење и дружење по натпреварот. Новиот термин е приспособен и за тв-преносот и секако можност и помладите гледачи да го следат финалниот натпревар. Финалето на Лигата на шампионите е врв на фудбалската сезона, а новиот почеток ќе биде погоден за сите учесници. Терминот од 21 часот е погоден за натпревари кои се играат во работните денови, се вели во соопштението на УЕФА.

Share this post: