Сопругот на контроверзна струмичка судијката ќе одговара за проневера државни пари
2026-03-19 - 15:24
Поранешениот директор на струмичкото комунално јавно претпријатие, Зоран Ѓеоргиев, е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, во периодот од 2022 до 2023 година, во дури 47 наврати носел одлуки спротивни на прописите и си овозможувал финансиска корист и за себе и за други вработени. Според истрагата тој одобрувал исплати за неискористени денови од годишен одмор, повикувајќи се на колективен договор, иако таквите исплати не биле во согласност со законските правила. Во текот на 2022 година, на овој начин биле исплатени околу 593.000 денари за него и уште 24 вработени, додека во 2023 година дополнителни над 502.000 денари завршиле кај 21 лице. Со овие постапки, вкупната штета за јавното претпријатие достигнала повеќе од 1,09 милиони денари. Георгиев е познат по тоа што бил шеф на сите изборни кампањи на Заев и дека е сопруг на судијката од судот во Струмица, Лорета Георгиева која во времето на владеењето на Зоран Заев станува член на Судскиот Совет, институцијата која има задача да го контролира работењето и ефикасноста на македонските судии. Лорета Георгиева, контроверзен лик во македонското правосудство. За неа се говореше дека кариерата и напредувањето ѝ биле поврзани со политичко влијание и партиска поддршка од Заеви. Таа беше дел и од внатрешни конфликти во Судскиот совет. Таа кон крајот на минатата година доби исто така кривична пријава бидејќи не пријавила дека поседува стан во Скопје и земала патни трошоци. Како поранешна членка на Судскиот совет, таа во периодот од август 2022 година до јануари 2024 година, не пријавила промена на имотна состојба на членовите на нејзиното потесно семејство. Иако нејзината ќерка во 2022 година се стекнала со стан во Скопје, таа навремено не го известила претседателот на Судскиот совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно. Со тоа, во наведениот период во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, на штета на буџетот на Судскиот совет.