TheNorthmacedoniaTime

Ракометарите на Вардар продолжуваат со победите во Супер лигата

2026-02-06 - 21:38

Лидерот на табелата во ракометната Супер лига Вардар со победа ги продолжи натпреварите од вториот дел од сезоната откако го совладаа МРК Куманово 30:20. Гостите единственото водство го имаа на почетокот на дуелот кога поведоа со 1:0, а „црвено-црните“ постојано го зголемуваа водството кое на полувреме изнесуваше 13:6. До крајот на дуелот Вардар ја зголемуваше предноста за убедливи +10 на крајот на натпреварот. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус со 8 голови без промашување. На вчера одиграниот дуел Охрид – Прилеп 28:17, другите четири натпревари од 19.коло се играат утре. Вардар е лидер со 36 бодови, пред Охрид со 31 бод, Еурофарм Пелистер има 30, а Алкалоид 29.

Share this post: