TheNorthmacedoniaTime

Потона брод на Фронтекс кај грчкиот остров Кастелоризо, повредени четири лица

2026-03-16 - 18:57

Четири лица се повредени откако се превртел и потонал брод на силите на Фронтекс во морскиот дел кај грчкиот остров Кастелоризо, информираа од крајбрежната служба на Грција. На бродот се наоѓале вкупно пет лица, четворица естонски државјани, меѓу кои и амбасадорката на Естонија во Грција и еден припадник на грчката крајбрежна служба, а од морето биле извлечени со помош на патролен брод и еден катамаран, по што биле пренесени во Здравствениот центар на Кастелоризо. Четворица од патниците се повредени и се пренесуваат со хеликоптер Супер пума на военото воздухопловство во болницата на Родос“, информираа од крајбрежната служба на Грција. Причините за несреќата засега не се познати.

Share this post: