Швалер торта
2026-03-19 - 21:53
Потребни состојки За 1 кора (се печат 3 кори): • 4 белки • 5 лажици шеќер • 1 лажица брашно • 1 лажица лебни трошки (презла) • 4 лажици мелени ореви Прв дел од фил: • 500 мл млеко • 2 кесички ванилин пудинг • 5 лажици шеќер • 5 лажици брашно Втор дел од фил: • 12 жолчки • 80 мл вода • 150 г шеќер Дополнително: • 250 г путер • 175 г шеќер во прав • 100 г бела чоколада • 100 г црна чоколада • шлаг за декорација Постапка Подготовка на кори: Белките изматете ги со шеќер додека да добиете цврст снег. Додајте брашно и презла, нежно измешајте, па додајте ги мелените ореви. Смесата распоредете ја во калап (26–28 см) и печете на 150°C околу 20–25 минути. Постапката повторете ја уште двапати – вкупно се подготвуваат три кори. Подготовка на првиот крем: Во сад измешајте брашно, шеќер и ванилин пудинг. Додавајте постепено околу 100 мл млеко додека да добиете мазна смеса без грутки. Остатокот од млекото загрејте го, па додајте ја смесата и варете додека да се згусне како пудинг. Оставете да се излади. Подготовка на вториот крем: Жолчките изматете ги со шеќер додека да осветлат и да се згуснат. Додајте вода, измешајте и варете на пареа околу 20 минути. Потоа оставете целосно да се излади. Финален крем: Путерот изматете го со шеќерот во прав додека да стане пенест. Додајте го изладениот прв крем, изматете, па додајте го и вториот крем. Добиената смеса поделете ја на два дела: • во едниот додајте растопена црна чоколада • во другиот додајте растопена бела чоколада Измешајте добро. Финално составување: Редете кора – бел фил, кафеав фил – кора – бел фил, кафеав фил – кора. Одозгора украсете со шлаг по желба. Оставете ја тортата да се излади преку ноќ за да се соединат вкусовите. Совети за подобар резултат • Користете квалитетна чоколада и путер за побогат вкус и подобра текстура • Инвестирањето во добар миксер значително го подобрува резултатот (особено за кремасти десерти) • За совршен изглед, користете регулирачки калап за торта View this post on Instagram A post shared by Deda Miletova Kuhinja (@dedamiletovakuhinja)