Биљана Драгиќевиќ-Пројковска денеска на Интернационалниот фестивал на монодрама во Сеул, Јужна Кореја ќе ја изведе монодрамата „Кармен“
2026-03-17 - 08:26
Монодрамата „Кармен“ со нашата актерка Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, по делото „Пет часа со Марио“ на Мигел Делибес во драматизација и режија на Дејан Пројковски, ќе биде претставена на Интернационалниот фестивал на монодрама во Сеул, Јужна Кореја. Претставата на Драмски театар – Скопје е дел од официјалната програма на фестивалот и ќе се изведе пред корејската публика на 17 март (вторник) во 15:00 часот по локално време.
Share this post: