Студенти од Филолошкиот факултет во Архивот на МАНУ реализираа проект „Виртуелен музеј Конески“
2026-03-13 - 08:17
Во Архивот на МАНУ се одржа студентска работилница за обработка на архивски материјали, информираа од Филолошкиот факултет. Студентите имаа можност да се запознаат со Архивот, со некои од неговите најважни фондови и да опишат неколку архивски единици од фондот „Блаже Конески“. Работилницата е дел од активностите на проектот „Виртуелен музеј Конески“.
Share this post: