TheNorthmacedoniaTime

Нови авиолинии од Охрид до Братислава и Милано

2026-03-17 - 10:07

Нова авиолинија до Братислава започнува да функционира од денеска од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 29 март ќе се воведе уште една линија од охридскиот аеродром до Милано. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска најави дека овие авиолинии ќе донесат нови туристи во Охрид и ќе значат повеќе можности за зајакнување на економијата. „Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации“, објави Николоски.

Share this post: