TheNorthmacedoniaTime

Уште не е утврден идентитетот на безживотното тело пронајдено во Зрновци, почна обдукцијата на Институтот за судска медицина

2026-03-22 - 17:43

Институтот за судска медицина денеска започна со обдукција на пронајденото безживотно тело во Зрновци, откако првичните вештачења потврдија дека станува збор за лице од женски пол. Идентитетот на починатата засега не е утврден. Според неофицијални информации, телото било пронајдено во тешка состојба, без глава и дел од екстремитетите. Анализите што се во тек треба да утврдат дали деловите од телото недостасуваат како последица на насилство или, пак, се работи за оштетувања настанати по смртта. Од надлежните информираат дека обдукцијата е во тек и се очекува да заврши во текот на денот, по што сите наоди ќе бидат доставени до Јавното обвинителство. Во рамки на постапката, стручните тимови прибираат идентификациски белези, а веќе е земен и материјал за ДНК анализа, што се смета за клучен чекор во утврдување на идентитетот. Истрагата продолжува во координација меѓу Судска медицина, полицијата и обвинителството, со цел расветлување на сите околности поврзани со случајот. По завршувањето на обдукцијата, се очекуваат и официјални информации за причините за смртта. Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека телото било пронајдено во фаза на распаѓање.

Share this post: