Градинка и училиште погодени во израелско-американските воздушни напади во јужен Техеран
2026-03-16 - 16:07
Градинка и детски образовен центар се погодени во израелско-американските воздушни напади во јужен Техеран. Првично нема извештаи за жртви, објави иранската државна телевизија. Според иранската влада, досега најмалку 120 училишта се оштетени во израелско-американските напади. „Фајненшл тајмс“ претходно објави дека најмалку 56 историски и културни споменици се оштетени во двете недели од војната на САД и Израел против Иран.
Share this post: