Навиваме за македонските кошаркари во Азербејџан
2026-03-01 - 14:37
Македонските кошаркари по победата над Луксембург во петокот веќе се пред нов предизвик од претквалификациите за Евробаскет 2029 и гостинскиот натпревар против Азербејџан. Избраниците на македонскиот селектор Шпанецот Жозеп Марија Берокал утрово го имаа и првиот тренинг во Баку во салата каде утре ќе се игра натпреварот. Македонскиот национален тим е прв во групата со три победи од исто толку натпревари, а на првиот натпревар во Скопје го совлада Азербејџан со 87:49 и сега се очекува фаворитската улога да ја потврди со нова победа во овие претквалификации.
Share this post: