TheNorthmacedoniaTime

Јоханес Клебо е првиот спортист кој овои десет злата на ЗОИ

2026-02-18 - 14:26

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо е првиот спортист во истопријата на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кој освоил десет златни медали. 29-годишниот спортист денеска на ЗОИ во Милано Кортина, во тим со Ејнар Хедегарт, победи во тимскиот спринт крос-кантри. За Клебо, победата во тимскиот спринт беше неговиот 10-ти златен олимписки медал. Во Пекинг 2022 година, тој освои злато во поединечните и тимските спринтови, а во Пјонгчанг 2018 година, освои злато во поединечните и тимските спринтови и штафетата. Ова злато беше петто за Клебо на Игрите во Милано, по победите во скиатлон, спринт, индивидуален хронометар и штафета. Норвежанецот го изедначи достигнувањето на американскиот натпреварувач во брзо лизгање Ерик Хајден, кој стана петкратен олимписки шампион во 1980 година.

Share this post: