Не е безбедно: Жичарата на Водно нема да работи
2026-02-25 - 09:36
Жичарата на Водно денеска нема да биде во функција, информираат од ЈСП Скопје. Причина за тоа е силниот ветер кој ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, посочуваат од ЈСП Скопје.
Share this post: