Османи го распушти косовскиот парламент и најави вонредни избори
2026-03-06 - 09:36
Претседателската на Косово, Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и најави дека ќе бидат распишани вонредни избори. Османи изјави дека откако синоќа пратениците не успеаја да изберат претседател на државата, го турна Косово во нови избори. Оваа ситуација целосно можеше да се избегне. Голема несреќа е што пратениците не го избраа интересот на народот, наведе Османи. Таа најави дека во текот на денот ќе одржи консултации со лидерите на парламентарните партии за датумот на вонредните парламентарни избори. На синоќешната вонредна седница, одржана само неколку часа пред истекот на уставниот рок за избор на претседател, парламентот го прекина изборниот процес, поради немање на кворум. За избор на претседател потребни се 80 гласа во првите два круга гласање, а најмалку 61 во третиот. Синоќа во салата беа присутни 66 пратеници од владејачката коалиција, додека пратениците од опозицијата беа отсутни. Претходно, се одржа седница за разгледување на уставните амандмани, кои претседателката Османи ги поднесе за директно гласање за претседател, која исто така беше прекината поради немање кворум. По затворањето на втората седница, претседателката на Собранието, Аљбулена Хаџију се обрати до Уставниот суд со барање за донесување привремена мерка за суспендирање на уставниот рок за избор на претседател.