Кумот на Звциер во живо ја гледал ликвидацијата на криминалците во Атина на кои МВР на чело на Спасовски им дал македонски пасоши
2026-02-19 - 09:57
Милован Здравковиќ, познат како Тег, кум на Радој Звицер, кој вчера е екстрадиран од Хрватска во Србија. Тој во живо во Атина во 2020 година ја следел ликвидациите на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ!, објави „Курир.рс“. Српското обвинителство го товари за голем број кривични дела, вклучувајќи организирање тешко убиство, заговор за извршување кривични дела и нелегално производство и дистрибуција на наркотични дроги. Особено сериозните обвинувања се однесуваат на ликвидацијата на двајца истакнати членови на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, во Атина на 19 јануари 2020 година. Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се интересни за Македонија бидејќи во време кога министер за внатрешн работи беше Оливер Спасовски беа дел од стотината криминалци кои добија македонски пасоши. Извор Курир.рс Водачите на Шкаљарскиот клан кои имаа македонски пасоши што им ги даде претходната влада биле убиени за 1.5 милиони евра