Овации и стоечки аплауз за Националниот џез оркестар и Ренато Кико
2026-02-20 - 08:46
Националниот џез-оркестар, синоќа, во Македонската опера и балет, одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Renato Chicco и ја крена публиката на нозе. Република Во Скопје доаѓав пред 30 години на Скопскиот џез фестивал. Јас сум Ренато Кико и роден сум близу до Трст, Изола. За оние кои се сеќаваат постоеше фирма во минатотот „Механотехника“-Изола. Тоа е мојот крај. Последен пат кога бев во Скопје бев со Душко Бојковиќ. Тој е еден од најпознатите музичари од Југославија кој беше познат низ целиот свет и во Америка. Со него соработував, а негов хит беше „Swinging Macedonia“. Друг музичар со кого соработував беше Бошто Петровиќ, рече Кико и на најаво прекрасната композиција „Бошко која му ја посвети на својот колега. На концертот, под диригентство на Џијан Емин беше изведена програмата од албумот на Chicco, First Encounter – Organ & Big Band- – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани. Пред изведбата на секоја композиција Кико даваше вовед, па така рече дека претходиот ден имал можност да проба типично македонско јадење-грав и ја најави „Magic beans“, но со музиката не одведе и во Њујорк, поточно на 106 улица на Менхетен, каде живеел Дјук Елингтон и самиот Кико, па ја изведе „Elington boulevard blues“. Посебно би им се заблагодарил на Гоце Стевковски и на Џијан Емин за овој концерт, рече на крајот Кико најавувајли за последната композиција „Island under the Sun“, Специјален гостин на вечерта беше Andy Watson (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли, како Vanguard Jazz Orchestra и Toshiko Akiyoshi Big Band. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект. Република Renato Chicco е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 90-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Lionel Hampton и музички директор на Jon Hendricks & Company, Chicco дејствувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција настапувајќи и во култни џез-клубови, како Blue Note и Birdland. Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент што во проектот Organ & Big Band е поставен во центарот на оркестарскиот израз.