Три точки се клучни: Како ќе се одвива десантот на маринците за преземање контрола врз Ормутскиот Теснец
2026-03-21 - 12:03
Десантна ударна група на американската морнарица на бродот УДЦ „Триполи“ го помина Сингапур и за 7-10 дена ќе стигне до северниот дел на Арапското Море, каде што на дневен ред ќе биде прашањето за спроведување или неспроведување на десантна операција врз Иран. Со таквото движење на овој брод, како и со распоредувањето дополнителњн контингент американски војници На Блискиот Исток, се поверојатен е моментот кога ќе се размислува што можат направат Американците на иранскиот брег, со оглед на силите што Иран ќе ги има до крајот на март. Активирана елитната американска воздушно-десантна дивизија: Се подготвува ли копнена операција во Иран? Најверојатното сценарио за десант за потребата од деблокирање на Ормутскиот Теснец е обид за истоварување во Бандар Абас. Овој град е главното упориште на спојот меѓу на Персискиот и Оманскиот Залив. За спроведување на оваа опција, потребна е само десантна група, каде што во игра доаѓа 31-та морска експедитивна група. Тие се опремени со лесни десантни оклопни возила, имаат хеликоптери за поддршка на операцијата и брзи пловила. Покрај тоа, УДЦ „Триполи“ на бродот ја има 121-ва борбена ескадрила со авиони Ф-35, до 12 конвертиплани MВ-22 и најмалку 4 хеликоптери MХ-60, што ја зголемува борбената способност на групата. За да се поддржи таква операција, ќе биде потребно да се нападне во друга насока за да се врзат иранските единици. А во овој случај, најверојатните точки се поморската база Асалујех и островот Харк. Зошто е важен островот Харг? Поморската база е важна од тактичка гледна точка за контрола на логистиката на југ, а Харк од економска и политичка гледна точка. Заземањето на упориште таму сигурно ќе ги принуди Иранците да реагираат, што за САД ќе создаде прозорец на можности за друг сектор. Клучната задача за Американците во такво сценарио ќе биде да ги окупираат главните логистички рути и аеродроми за да ги контролираат иранските движења. Задачата е исклучително тешка, бидејќи настаните од последните денови покажаа дека САД и Израел се уште не успеале целосно да ги потиснат иранските сили. За истата цел, американската команда, дури и пред почетокот на операцијата во Иран, однапред почна со подготовки за ова сценарио, префрлајќи пет воздушни комуникациски јазли-репетитори за да се обезбеди комуникација меѓу единиците на специјалните сили. САД и Израел планираат испраќање специјални сили за запленување на нуклеарниот арсенал на Иран Исто така, доволен број авиони за специјални операции од четири авијациски крила на ССО се концентрирани на Блискиот Исток за евентуално префрлање на десантна сила. А, 160-тото авијациско крило, кое учествуваше во заробувањето на танкерот „Маринер“ и во операцијата против претседателот на Венецуела Николас Мадуро, е присутно и на границите на Иран. Според сите овие американски подготовки, веројатноста за операција е поголема од нејзиното неслучување. А, досегашниот тек на војната сугерира дека САД не можат да ја постигнат својата цел само со ракетни и бомбашки напади врз Иран. Но, сепак, одтанува прашањето дали во Белата куќа се подготвени да преземат таков ризик кој би можел скапо да ги чини во изгубени животи на американски војници.