TheNorthmacedoniaTime

Прв случај на птичји грип кај човек во Европа е потврден во Италија

2026-03-25 - 14:33

Првиот случај на птичји грип кај човек во Европа е потврден во регионот Ломбардија, кај лице кое се заразило надвор од континентот и моментално е хоспитализирано и во изолација. Од италијанското Министерство за здравство информираат дека засега нема причина за паника, но ситуацијата внимателно се следи. Преземени се сите неопходни мерки – идентификувани се контактите на пациентот и воспоставена е координација со здравствените институции и лаборатории. Според експертите, птичјиот грип е вирусна инфекција која најчесто ги погодува птиците, особено дивите, кои се главни преносители. Вирусите имаат висока способност за мутација, а во последно време се регистрирани и кај некои цицачи. Преносот кај луѓе најчесто се случува преку директен контакт со заразени птици или контаминирана средина, додека пренос од човек на човек не е забележан. Најризични се ветеринари и работници во живинарската индустрија. Симптомите кај луѓето најчесто се благи и вклучуваат: покачена температура, болка во грло, кивање, конјунктивитис. Во потешки случаи може да дојде до сериозни респираторни компликации. Надлежните апелираат на внимателност, но нагласуваат дека ризикот за пошироката популација засега е низок.

Share this post: