TheNorthmacedoniaTime

Леброн одличен, Лејкерси загубија

2026-02-10 - 10:59

Лос Анџелес Лејкерс утринава загуби од Оклахома сити дома во натпревар од НБА-лигата со 119:110. Ветеранот на Лејкерс, Леброн Џејмс, запиша дабл-дабл со 22 поени и 10 асистенции. Лејкерси (32 победи и 20 порази) се петти во Западната конференција на НБА-лигата. Нивната серија од три победи заврши. Оклахома Сити (41-13) останува лидер во Западната конференција. На другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Шарлот – Детроит 104:110 Бруклин – Чикаго 123:115 Мајами – Јута 111:115 Орландо -Милвоки 118:99 Минесота – Атланта 138:116 Њу Орлеанс – Сакраменто 120:94 Денвер – Кливленд 117:119 Голден Стејт – Мемфис 114:113 Портланд – Филаделфија 135:118.

Share this post: