Двајца малолетници запалиле автобус во Радовиш
2026-01-26 - 12:26
Двајца малолетници од Радовиш вчера предизвикале пожар во автобус кој бил паркиран во дворно место на училиштето „Крсте Петков Мисирков“. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, наведено е во соопштението.
Share this post: