Српскиот пасош за македонските граѓани станува поатрактивен од бугарскиот
2026-03-15 - 07:16
Македонските граѓани се почесто се одлучуваат да извадат српски пасош. Блискоста меѓу двете земји и народи го направи пасошот на северниот сосед атрактивен. Иако според земјите каде може да се патува, нашиот и српскиот се горе-долу исти, сепак има неколку поволности. Голем дел од оние кои се одлучуваат да извадат српски пасош го користат за школување на нивните деца во Универзитетите во Србија, за бизнис, за спорт или пак некои го зеле поради тоа што се омажиле или ожениле за Срби. Не постојат официјални податоци колку македонски граѓани извадиле српски пасош, но според последниот попис околу десет илјади македонски граѓани имаат двојно државјанство -македонско и српско. Саша Богдановиќ припадник на српската заедница вели дека има повеќе причини зошто меѓу македонските граѓани постои се поголем интерес за вадење српски пасош Постои интерес од двете страни од економски причини. Некои вадат за да работат, некои за спорт, култура. Има и примери кои се дојдени од Србија за работа или се ожениле.