TheNorthmacedoniaTime

Регистрирани две нови единки балкански рис на Шар Планина, сега се вкупно пет

2026-03-17 - 16:53

Националниот парк Шар Планина информира дека со нивниот видеонадзор во заштитеното подрачје се регистрирани две нови единки балкански рис. Имаме нова радосна вест. На нашите трап-камери, на територијата на Паркот, неодамна се регистрирани две нови единки од балкански рис. Истите се забележани при вршење на редовен мониторинг, на делот од територијата кој административно припаѓа на Општина Врапчиште. Со ова, бројот на идентификувани единки од рис се зголемува од 3 на 5“. Двете единки, како што појаснуваат се во добра здравствена состојба, што, како што велат, претставува показател за стабилизирање и закрепнување на популацијата на овој редок вид на Шар Планина.

Share this post: