TheNorthmacedoniaTime

Љутков: НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево преку своите историски, археолошки и етнолошки збирки го чува и презентира богатото минато на Кичево и кичевскиот регион

2026-02-27 - 11:17

Денеска бев во посета на музејот во Кичево и имав можност одблиску да се запознаам со активностите и проектите кои се реализираат во насока на заштита и промоција на културното наследство. НУ Музеј „Западна Македонија во НОВ“ – Кичево преку своите историски, археолошки и етнолошки збирки го чува и презентира богатото минато на Кичево и кичевскиот регион. Особено значајна е историската збирка со предмети од периодот на Народноослободителната борба. Во рамки на програмата за 2026 година се реализираат повеќе значајни проекти насочени кон истражување, едукација и презентација на културното наследство: проект за традиционалните носии во Кичево и кичевско, изложба посветена на Народноослободителната борба во Кичево, подготовка на музејски едукативни материјали за деца од основни и средни училишта, обработка и презентација на турски документи поврзани со Илинденското востание од Султанскиот фонд Јилдиз. Во делот на заштитата на недвижното културно наследство, активностите се реализираат во соработка со НУ Национален конзерваторски центар – Скопје. Посебно внимание е посветено на објектот Старата училишна зграда во с. Подвис, за кој е изработен основен проект за конзервација, реставрација и реконструкција, а во тек се и дополнителни истражувања како втора фаза кон негова целосна заштита и ревитализација. Благодарност до директорката на Музеј „Западна Македонија во НОВ“, г-ѓа Вања Вељаноска, за посветеноста и грижата кон зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Кичево.

Share this post: