Досиејата на Епстин не покажуваат дека актерот Леонардо ди Каприо јадел месо од бебиња
2026-03-08 - 10:36
Вистиномер ги пребара 48-те архиви на веб-страницата на Министерството за правда на САД користејќи клучни зборови како „Леонардо ди Каприо“ и „канибалистичка диета“, „бебешко месо“. Резултатите од верификацијата покажаа дека ниту еден документ не дискутира за холивудскиот актер во контекст на тоа дека тој консумирал детско месо, пренесува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Чудовиштето – идол на милиони Леонардо Дикаприо ги негира доказите на социјалните медиуми, додека милиони луѓе бараат апсење на канибали за ужасни злосторства, меѓу кои и јадење деца. Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо ги избриша сите свои профили на социјалните мрежи и ги оневозможи коментарите на Инстаграм поради континуираниот бес на интернет, при што милиони корисници бараат негово итно апсење поради јадење детско месо. Во текот на изминатите 24 часа, Дикаприо ја блокираше интеракцијата со својот профил, криејќи ги деловите за коментари што добија илјадници одговори и десетици илјади лајкови. Корисниците ги бомбардираа објавите на Дикаприо со обвинувања, постојано повикувајќи на негово итно апсење со слогани како „Да се уапси канибалот“, „70 фунти детско месо?“ и повторувајќи фрази како „PDF“ со емотикон за пица. Негативните реакции произлегуваат од досието на случајот Епштајн, кое ја открива преписката преку е-пошта на Дикаприо со Џефри Епштајн и Вуди Ален, во која тој разговарал за „канибалистичка диета“ и признал дека неодамна јадел 32 килограми бебешко месо.Активистите за човекови права ги повикуваат властите да го истражат потеклото на жртвите и да го испитаат изворот на телата на мртвите деца. Документите на Министерството за правда содржат кодни зборови – „кретен“, „бебе од крем сирење“ и „шкампи“ – за кои некои истражители утврдиле дека се код за човечко месо добиено од деца одгледани на детските фарми на Епштајн во Карибите и Ново Мексико. Во меѓувреме, родителите ширум светот изразуваат загриженост на социјалните мрежи дека нивните исчезнати деца можеби станале жртви на мрежата на Епштајн и неговите високо рангирани соработници, вклучувајќи го и Дикаприо. Извор: ТГ Галина Царева Не е точно дека холивудската актерска ѕвезда Леонардо ди Каприо ги избришал социјалните мрежи или дека ги оневозможил коментарите на Инстаграм. Вистиномер со проверка на официјалниот профил на актерот на Инстаграм, утврди дека тој е отворен за коментари. Исто така, во објавените документи поврзани со Џефри Епстин на страницата на Министерството за правда на САД, Вистиномер не пронајде никаква мејл комуникација во која тој признал дека „јадел 32 килограми бебешко месо“, ниту дека е на „канибалска диета“ како што тоа невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Како што пишуваат проверувачите на факти на „Темпо“, дезинформацијата потекнува од сајтот „The People’s voice“ („Гласот на народот“) кој објави невистинита статија со наслов Досиејата на Епстин откриваат дека Леонардо ди Каприо јадел 70 фунти детско месо на „Канибалска диета. Како што сугерира насловот, статијата тврди дека Дикаприо консумирал 70 фунти детско месо како дел од канибалска диета (1 фунта (lb) во САД е еднаква на точно 0,45359237 килограми, приближно 453,6 грама). Во статијата, исто така, се тврди дека досиејата на Епстин откриваат негови размени на мејлови со режисерот и актер Вуди Ален, во кои Епстин се опишува себеси како вистински канибал. Меѓутоа, во досиејата објавени на сајтот на Министерството за правда на САД, не постојат записи што укажуваат дека Леонардо ди Каприо следи канибалска диета. Досиејата Епстин се збирка официјални документи што произлегуваат од истрагите на американските агенции за спроведување на законот, вклучувајќи го Министерството за правда (DOJ) и ФБИ. Документите ги сумираат криминалните активности на Џефри Епстин, осуден сексуален престапник со деца и трговец со луѓе, кој почина во затвор во Њујорк на 10 август 2019 година. Повеќе од 3,5 милиони страници документи го сочинуваат вториот том од досиејата Епстин, по првичното објавување на 2.000 страници во 2024 година. Документите вклучуваат записи од летови, телефонски именици, дигитална форензичка анализа на стотици фотографии и видеа, записи од Федералното истражно биро (ФБИ) и транскрипти од големата порота. Вистиномер ги пребара 48-те архиви на веб-страницата на Министерството за правда на САД користејќи клучни зборови како „Леонардо ди Каприо“ и „канибалистичка диета“, „бебешко месо“. Резултатите од верификацијата покажаа дека ниту еден документ не дискутира за холивудскиот актер во контекст на тоа дека тој консумирал детско месо. Во овие документи во дел од пораките Ди Каприо го поттикнува Епстин да присуствува на премиерата на филмот во кој Ди Каприо глуми. Исто така, постојат е-пораки од „Ворнер Брос Пикчрс“ и „Вилиџ Пикчрс“ во кои се поттикнува Епстин да присуствува на приватна проекција на „Големиот Гетсби“. Слично на тоа, клучниот збор „канибал“ води до исечок од списанието „Блумберг бизнисвик“ од 5 август 2019 година, посветен на агенција за модели „Викторијас сикрет“. Јохана Сјоберг, поранешна вработена кај Епстин, цитиранa од „Гардијан“ , изјави дека осудениот сексуален престапник врз деца често се фалел со своите врски со холивудски ѕвезди од А-листата, вклучувајќи го и Леонардо ди Каприо. Друга позната личност обвинета од „Гласот на народот“ за учество во ритуален канибализам е водителката на ток-шоуто Елен Деџенерис. Сепак, проверувачите на факти од „Политифакт“ го побија ова тврдење бидејќи „Гласот на народот“ често шири дезинформации користејќи наводни извори на информации под термините „внатрешен извор“ и „информатор“. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар