Капитенката на Иран го повлече барњето за азил во Австралија и одлучи да се врати дома
2026-03-16 - 20:07
Капитенката на иранската женска фудбалска репрезентација, Захра Гамбари, го повлече барањето за азил во Австралија и планира да се врати во Иран. Таа е петтиот член на тимот што ја промени својата одлука откако првично побара азил за време на Азискиот куп. Вкупно седум играчи и членови на персоналот поднесоа барања, но повеќето од нив подоцна го повлекоа својот избор. Двајца играчи остануваат во Австралија и сè уште може да добијат азил. Претходно, Мона Хамуди, Захра Сарбали и Захра Месгиникар (кои исто така првично сакаа да останат во Австралија) – две играчи и еден член на тренерскиот штаб на женската фудбалска репрезентација – ги повлекоа своите барања за азил во Австралија и одлучија да се вратат во својата матична земја Тие се упатиле кон Малезија, од каде ќе се вратат кај своите семејства во Иран. Пред нив, Мохадеше Золфи, уште една иранска репрезентативка, исто така ја отфрли понудата да остане во Австралија и одлучи да се врати во Иран.