TheNorthmacedoniaTime

СДСМ бара темелна истрага за случајот со Државниот инспекторат за земјоделие

2026-03-21 - 11:13

Во партиско соопштение на СДСМ, од партијата наведуваат дека нов корупциски скандал ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство на Цветан Трипуновски. Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, е уапсен за примање поткуп од 50.000 евра. Како што велат од СДСМ, ова е уште еден доказ за делувањето на организираната криминална група – ВМРО МВР вечерва апси актуелен директор, примал мито, завршил со лисици Пред само неколку месеци се случи исто така корупциски скандал во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството исто така беше уапсен за мито од 50.000 евра. Поради овој корупциски скандал ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана. Блокираната ИПАРД 3 програмата, намалени субвенции за 40 отсто намалени откупни цени, заради криминалците од власта страдаат земјоделците“, се вели во соопштението на СДСМ. Одреден 30-дневен притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за поткупот од 50.000 евра Од партијата велат дека прашањето е кој друг од власта е вмешан? Не може толку многу корупција да има на пониските, ешалони а оние од врвот во Министерството и во најкорумпираната Владата на Мицкоски да не знаеле. СДСМ бара темелна истрага која ќе утврди одговорност од првиот до последниот“, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

Share this post: