Анестезиолошки техничар уапсен за убиство во Охрид – поврзан е со „Христијанско братство“
2026-03-28 - 13:13
Анестезиолошки техничар од клиниката ТОАРИЛУЦ е уапсен под сомнение за убиство на 76-годишен маж во Охрид, откако жртвата била пронајдена без знаци на живот во својот дом. Од Министерство за внатрешни работи информираат дека станува збор за 53-годишниот Ж.Г, кој ѝ бил познат на полицијата. Тој бил приведен истиот ден попладне, по пријавата за случајот. Осомничениот е лидер на организацијата Христијанско братство и во минатото бил дел од протестите што кулминираа со Упадот во Собранието на 27 април 2017, како и од демонстрациите против уставните измени во 2018 година. Во 2019 година, против него била поднесена кривична пријава за закани кон тогашниот премиер Зоран Заев. Од Јавното обвинителство соопштуваат дека се работи на обезбедување докази и најавуваат повеќе информации во текот на денот.