TheNorthmacedoniaTime

Водата во Скопје е безбедна за пиење

2026-03-16 - 10:16

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува микробиолошката анализа на 192 примероци од 48 мерни места. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 9 до 13 март зел 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира ЈП „Воодвод и канализација“ – Скопје

Share this post: