TheNorthmacedoniaTime

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Миладиновци-Штип

2026-02-17 - 12:59

На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(51) од Штип и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Грчец, скопско. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „опел“ и неговиот сопатник Е.В.(34) од с.Грчец, скопско, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Share this post: