TheNorthmacedoniaTime

Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја доби Зоран Пејковски

2026-03-27 - 08:43

81 година Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола. Библиотеката е основана на 25 март 1945 и оттогаш расте, се збогатува со книги и денес има книжен фонд од околу еден милион книги и бројни списанија. Библиотеката испишува нови страници, остварени се партнерства со универзитетите, културните установи и локалната заедница, продлабочена е соработката со факултетите и наставно -научниот кадар, особено значајни се меѓународните соработки со Националната библиотека во Рим, Универзитетската библиотека во Кемниц, Националната библиотека на Малта и Градската библиотека ,,Марко Марулиќ- Сплит. Одржана е првата меѓународна конференција на библиотекари и за прв пат после десет години одржан е саем на книгата. Ова е само еден дел од реализираните активности на библиотеката. на свеченоста беше промовирана книгата од проф. д-р Зоран Пејковски: „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“ Овој истражувачки труд ја третира природата и карактерот на творечкиот и креативниот гениј Св. Климент Охридски од времето на неговото дејствување преку сите креативни форми создавани под негово влијание во духовниот и културниот равој на македонски терен пројавени на синхрониски и дијахрониски план, како и неговата инспиративна пројава во современото уметничко творештво во Македонија – со главен акцент на книжевните остварувања, но и во документарната и филмската продукција. Промотор на книгата беше проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, од Институт за македонска литература при УКИМ Доделени беа наградите „Роднокраен автор за 2025“ Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година “-поезија ја доби Ели Маказлиева Маказлиева е писателка, поетеса за возрасни и деца, магистер по педагошки науки, уредничка на безброј книги, авторка, тим лидер и програмски уредник на многу домашни и меѓународни проекти, организаторка на повеќе литературни настани и добитник на повеќе национални и меѓународни награди и признанија. Авторка и коавторка на над 80 книги, поезија и проза за деца и возрасни Наградата за “Роднокраен автор за 2025 година “-проза ја добива Гордана Такец. Мината година за Гордана (Петров) Такец е плодна година исполнета со многу труд и работа и крунисана со 6 романи. 1.Како го преживеав Виетнам 2.Балканот е валкан 3.Руски Рулет 4.Јасмин 5.Нашите испуштени нешта и 6.Сага за малиот Леон. Организатор е на 7 уметничко литературни настани насловени; “АКО ОДАМ ВО БИТОЛА” и издавање на меѓународни антологии од група автори, како и активности тесно поврзани со книжевноста. Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива Зоран Пејковски Зоран Пејковски е поет, драмски писател, драматург, прозаист, публицист, театарски критичар, научник и културен дипломат. Тој е доктор по културолошки студии на институтот за македонска литература при универзитетот ,, Св. Кирил и Методиј“ и професор по Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универитет ,, Европа Прима“- Скопје. Тој е автор на 69 книжевни дела, вклучувајки: 22 збирки поезија и 6 поеми, 25 драмски текстови и 6 сценско-драмски рецитали, еден роман и еден препев, 5 научно истражувачки книги (четири од театрологијата и една од медијавистиката) и 3 публицистички книги. Објавил над 50 научни и критички студии, рецензии и осврти, кои се сметаат за значајни придонеси во македонската литература и театарска мисла. Добитник е на бројни домашни награди и признанија меѓу кои: во 2024 награда за роднокраен автор за драма, во 2025 награда за роднокраен автор за поезија доделени од (НУУБ ,, Св Климент Охридски“ – Битола), награда ,,Гоцева мисла“ за презентација на македонската литература во странство и други. Добитник е и на бројни Меѓународни признанија :2016 -Почесен амбасадор на мирот, 2018- Европски медал за поезија и уметност ,,Хомер“, Плакета и статуетка,, Зоран Радмиловиќ“, за придонес во културата на балканските народи и за развојот на културната соработка на Балканот и други. Покрај книжевната и научната активност Пејковски ја извршува функцијата директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и работи како дипломатски советник, афирмирајки ја македонската литература, култура и национална самобитност на меѓународната сцена. извор: апла.мк

Share this post: