Притвор за бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ
2026-03-02 - 19:27
Истражниот судија на Основниот суд во Никшиќ му одреди на бизнисменот Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот претседател и поранешен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, мерка притвор до 30 дена, објавија црногорските медиуми. Истражниот судија смета дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот, доколку биде ослободен, би можел да избега и да биде недостапен за државните органи на Црна Гора во понатамошниот тек на постапката. „На предлог на Основното државно обвинителство во Никшиќ, беше одреден притвор за А.Ѓ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело нелегално поседување и носење оружје и експлозивни материјали. Притворот беше одреден поради ризик од бегство. Постои основано сомнение дека А.Ѓ. во својата куќа во Никшиќ, неовластено поседувал оружје и муниција“, соопшти ОДТ.