Денеска нови сведоци за пожарот во „Пулс“
2026-03-05 - 07:36
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени
Share this post: