Сите земји ќе ја платат цената, ако Европа продолжи да молчи пред нападот на САД, се закани Багеи
2026-03-05 - 12:37
Иран денеска се закани дека „ако Европа продолжи да молчи“ пред „агресијата против меѓународното право“ што ја претставуваат американските и израелските напади, „сите земји ќе ја платат цената“. Оние кои ќе останат неми, ќе бидат соучесници во оваа неправда ... доколку Европа продолжи да молчи пред овој напад врз меѓународното право, сите земји ќе ја платат цената порано или подоцна – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи, во интервју за шпанскиот канал 24 Horas. Тој додаде дека ниту една земја членка на Обединетите нации не може да остане индиферентна пред овие напади, пренесе шпанскиот јавен сервис Rtve.
Share this post: