TheNorthmacedoniaTime

Сабаленка-Рибакина финале на женскиот АО

2026-01-29 - 22:05

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина попладнево ја победи Американката Џесика Пегула во полуфиналето на Австралија Опен 2026 со 6:3 и 7:6 (9:7). Натпреварот траеше 1 час и 42 минути. Рибакина сервираше шест аса и реализираше четири од 10 брејк топки. Пегула имаше два аса и реализираше три од четири брејк топки. Во финалето на Грен слемот во Мелбурн, Рибакина ќе се соочи со Белорусинката Арина Сабаленка, која денес ја победи Украинката Елина Свитолина (6:2 и 6:3). Двете тенисерки претходно се сретнаа во финалето на Австралија Опен 2023, каде што Рибакина загуби од Сабаленка со 6:4, 3:6 и 4:6

Share this post: