Рибакина-Пегула најинтересна двојка на турнрот во Мајами
2026-03-24 - 10:34
Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД. Актуелната шампионка Арина Сабаленка синоќа ја победи Кинезинката Женг Кинвен (6:3, 6:4) во четвртото коло. Во четвртфиналето, светската тенисерка број еден ќе се соочи со Американката Хејли Баптист. Четвртфинални парови на турнирот во Мајами: Арина Сабаленка (Белорусија) – Хејли Баптист (САД) Елена Рибакина (Казахстан) – Џесика Пегула (САД) Белинда Бенчиќ (Швајцарија) – Коко Гоф (САД) Викторија Мбоко (Канада) – Каролина Мучова (Чешка). Четвртфиналните натпревари ќе се одржат денес и утре
Share this post: