TheNorthmacedoniaTime

Клековски: Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија е недостапен бидејќи „Белупо“ го прекина производството

2026-03-23 - 13:24

Лекот Топирамат за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата Белупо од Хрватска прекина со негово производство, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Белупо, кој е единствениот, кој го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар, рече Клековски.

Share this post: