Одбележан Денот на Генералштабот на Армијата
2026-03-27 - 11:43
Денеска во Министерството за одбрана го одбележавме Денот на Генералштабот на Армијата, 28 март, и денот кога пред 6 години Македонија стана дел од најмоќниот политичко-воен сојуз, НАТО. Овие датуми ја истакнуваат посветеноста и визијата на сите кои ја развиваат и модернизираат македонската Армија. Со нова опрема, инвестирање во човечкиот капитал и инфраструктурата, македонската Армија станува уште посилна и подготвена да ја гарантира безбедноста на татковината. Горди сме што како држава даваме голем придонес во Алијансата и што нашите македонски војници се признати за нивниот професионализам и посветеност. Честит Ден на Генералштабот на Армијата!
Share this post: