Промоција на новиот роман „Тринаесеттиот“ од Лидија Димковска во Куманово
2026-03-04 - 09:28
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска, на 4 март во 12 часот е закажана промоцијата на новиот роман на македонската писателка Лидија Димковска „Тринаесеттиот“. Овa е прв роман за деца и млади од авторката која важи за една од најпреведуваните домашни писателки и е добитничка на многубројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои се и наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“ итн. Овој пат таа се нурнува во светот на младите тежнеејќи да го направи подобар и појасен. Зборувајќи за теми што вообичаено ги избегнуваат романите за деца и млади, Лидија Димковска прави пресврт во своето творештво. Ова е роман што раѓа романи, во кој читателите преку одговори на прашањата поставени од авторката, создаваат еден нов однос со себеси.