Катарските воздухопловни сили соборија два ирански бомбардери, соопшти Министерството за одбрана во Доха
2026-03-02 - 21:17
Катарските воздухопловни сили соборија два ирански бомбардери, соопшти Министерството за одбрана на Катар. „Катарските воздухопловни сили успешно соборија два ирански авиони Су-24. Исто така, пресретнаа седум балистички ракети преку воздушна одбрана и пет беспилотни летала што беа лансирани денеска против неколку области на земјата“, соопшти катарското Министерство за одбрана. МИА
Share this post: