TheNorthmacedoniaTime

Синиша Евтимов во велешки театар ја режира „Тестостерон“

2026-02-18 - 09:36

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес започна со пробите за претставата „Тестостерон“ по текст од полскиот автор Анджеј Сарамонович а во режија на Синиша Евтимов. Во претставата улогите ќе ги толкуваат : Јордан Витанов, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски , Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски и Филип Хростовски. Премиерата ќе биде на 27 март.

Share this post: