TheNorthmacedoniaTime

Исчезнати два мексикански брода што носеле помош за Куба

2026-03-27 - 16:44

Два мексикански брода што носеа хуманитарна помош за Куба се исчезнати и за нив е инициран план за пребарување и спасување, соопшти Секретаријатот на мексиканската морнарица (Семар). Мексиканската морнарица објави дека бродовите, со девет членови на екипажот од различни националности, испловиле од Исла Мухерес во мексиканските Кариби во саботата, но дека нивната моментална локација е непозната и нема потврда дека пристигнале во Хавана. „Овие бродови требаше да пристигнат (во Куба) помеѓу 24 и 25 март оваа година“, се наведува во соопштението. Двата брода што исчезнаа припаѓаат на конвојот „Наша Америка“, што е иницијатива за солидарност на групи и поединци од различни земји од светот, првенствено од Латинска Америка и Европа, кои ги здружија силите за да достават хуманитарна помош на Куба. Првата група од конвојот „Наша Америка“ пристигна во Куба на 18 март, а потоа на 24 март, главниот брод од тој конвој пристигна во Хавана, носејќи 14 тони хуманитарна помош, вклучувајќи храна и лекови, 73 соларни панели и десетина велосипеди.

Share this post: