Хутите се заканија со војна против секој нов сојузник на САД и Израел
2026-03-28 - 07:45
Движењето на јеменските бунтовници Хути, поддржано од Иран, соопшти дека е подготвено воено да интервенира доколку нови сојузници им се приклучат на САД и Израел во војната против Иран. Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари, во телевизиско обраќање истакна дека нивна интервенција е можна и доколку Исламската Република биде нападната од водите на Црвеното Море. Оваа закана доаѓа во време на ескалација на конфликтот кој веќе сериозно го погоди регионот на Блискиот Исток.(МИА)
Share this post: