TheNorthmacedoniaTime

Од понеделник продор на постуден воздух со врнежи од дожд, но на места и снег

2026-02-08 - 07:38

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура е во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје, променливо облачно. Претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени Џелзиусови. Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Share this post: