Багеј: Европските држави им помогнаа на САД и Израел да го нападнат Иран
2026-03-09 - 14:17
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј денеска ги обвини европските држави дека придонеле за создавање поволни услови за американско-израелските напади што доведоа до војната со Исламската Република. За жал, европските држави помогнаа во создавање на такви услови. Наместо да инсистираат на владеење на правото, наместо да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на САД, тие се изјаснија и се согласија со нив пред Советот за безбедност на ОН за време на дискусијата за повторно воведување на санкциите, а сето ова заедно ги охрабри американската и ционистичката страна да продолжат да ги извршуваат своите злосторства, посочи Багеј.
Share this post: